Ротердам ќе биде домаќин на Евровизија 2020 (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

65-та Евровизија ќе се одржи следната година во Ротердам, објави денес ЕБУ.

Loading...

Во трката на холандските градови да се организира најголемото натпреварување за пејачи на целиот континент, Ротердам успеа да го победи конкурентот Мастрихт.

Полуфиналето ќе се одржи на 12 и 14 мај, а големото финале на 16 мај на Арената „Ахој“.

„Ротердам покажа голем ентузијазам и ангажман, а во исто време има соодветна инфраструктура да биде домаќин на делегации од повеќе од 40 земји“, истакна извршниот директор на Евровизија, Јон Ола Санд.

Холандскиот пејач Данкан Лоренс победи на овогодинешната Евровизија во Тел Авив, со што на неговата земја и беше дадено право да организира натпревар.

Leave a Reply