Ројтерс: Путин го отфрли договорот со Киев постигнат од Козак

Сподели со своите пријатели

Британската агенција Ројтерс денеска објави информација дека главниот руски преговарач за Украина, Дмитри Козак, на почетокот на војната во февруари му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека склучил привремен договор со Киев, кој ќе го задоволи барањето на Москва Украина остануваат надвор од НАТО, но дека Путин одбил и продолжил со воената кампања.

Loading...

Британската агенција наведува, повикувајќи се на три лица блиски до руското раководство, дека пратеникот Дмитри Козак, кој е роден во Украина, му рекол на Путин дека верува оти договорот што го направил ја елиминира потребата Русија да продолжи со голема воена операција против Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Ројтерс прво ја објави препораката на Козак до Путин да го прифати договорот.

Рускиот претседател во неколку наврати пред војната тврдеше дека НАТО и неговата воена инфраструктура се приближуваат до руските граници со прифаќање нови членки од Источна Европа и дека алијансата сега се подготвува да ја прифати и Украина.

Путин јавно изјави дека тоа претставува егзистенцијална закана за Русија, што го натера да одговори со започнување на „специјална операција“ во Украина.

Запрашан да го коментира извештајот на Ројтерс, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека тоа е апсолутно неточно.

„Тоа нема апсолутно никаква врска со реалноста. Такво нешто никогаш не се случило. Тоа е апсолутно неточна информација“, нагласи Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Михаило Подољак, советник на претседателот на Украина, рече дека Русија ги искористила разговорите како димна завеса за да се подготви за својата инвазија, но тој не одговори на прашањата на Ројтерс за суштината на разговорите, ниту потврди дека е постигнат прелиминарен договор.

Loading...

„Денес јасно разбираме дека руската страна никогаш не била заинтересирана за мирно решение“, рекол Подољак, пренесува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.