Рогов: Засилена заштита на нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Системот за заштита во нуклеарната централа Запорожје е зајакнат поради можноста од напад на украинските сили, изјави Владимир Рогов, член на регионалната воено-цивилна администрација.

Loading...

Тој за РИА Новости изјави дека системот за заштита е зајакнат, но дека не може да ги открие сите детали.

„Го дочекуваме овој ден целосно подготвени бидејќи од режимот (на украинскиот претседател Володимир Зеленски) се може да се очекува“, додаде Рогов.

Претходно претставникот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков изјави дека украинската армија подготвува провокација во нуклеарната централа Запорожје, за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Украина.

Нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили од март. Москва тврди дека украинските сили го гранатираат градот Енергодар и областа каде што се наоѓа нуклеарната централа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.