‘РЃАВОМ КУ*ЦУ И ДЛАКА СМЕТА

Сподели со своите пријатели

Пишува : Виктор Божиновски

Loading...

Иде време на локални избори. Мене сосема ми е јасно дека во двете најголеми партии СДСМ и ДПМНЕ има огромен интерес за најпрестижната функција во градот, па по социјалните мрежи, а и внатре во самите партии во внатрепартиските „пресметки“ време е за игри, математики, изработување на анкети, па на крај партиски постапки преку кои ќе се дојде до она што во тој момент се мисли дека е најдобро и најквалитетно решение и ќе им се предложи на граѓаните на есенските локални избори. Впрочем, и јас, еве јавно кажувам, од мојата матична партија ќе ја барам подршката за тоа место. Дали ќе ја добијам или не, тоа си е работа на партиските органи и партиските процедури, но секако очекувам кандидатот кој ќе ја има најголемата подршка од граѓаните врз основа на професионални анкети и да стане кандидат на партијата за Градоначаник на Куманово.

Меѓутоа, стварно никако не можам да разберам некои „групировки“ на луѓе кои се собираат во кафеани (иако се затворени заради пандемијата) и си „кројат“ свои кандидати за градоначалник и свои листи за советници, мислејки дека во една „чудна“ општествена ситуација во која се наоѓа Македонија, па оттаму и Куманово, „ќе уловат во матно“ неколку советнички места, со кои после ќе се „изживуваат“ врз мнозинската воља на граѓаните на Куманово, нешто слично како „Живи зид“ во Хрватска или Слави Триифонов во Бугарија. Излегоа на избори, добија сериозна поддршка од граѓаните и не сакаат да бидат дел од власта. Па зашто излегувате на избори? Да се заебавате со мнозинството граѓани?

Е таква една групировка има и во Куманово. Редовно се собира у една кафана (иако кафаните се затворени) и „кројат“ планови како да земат 2-3 советника. Овие „фраери и шмизли“ не се дел ни од СДСМ ни од ДМПНЕ, ама сакаат да бидат фактор во градот, да земат неколку советника и после да се зезаат со кумановци! Они мислат тоа така се правело, седејки у кафана, со 5-6 „жути“ се прави листа за советници и кандидат за крадоначалник… Ууууппсс… Градоначалник. Е тоа мало сутра!

Она што ме поттикна да го напишан во оваа колумна моето скромно мислење е еден факт што не може а да не ви падне во очи. Имено, овие луѓе апсолутно немаат никаква платформа, појма немаат што сакат да направат во Куманово, впрочем, и воопшто не сакаат да земат таква одговорност во раце заради тоа што знаат дека се неспособни во свои 40-50 години да заработат ниту 1 денар, ама ете, интересно им е да се играат демократија, „да критикуваат секој и сешто, без разлика од која од двете партии доаѓаат изјави за одредени општествени проблеми, немаат никаков предлог што да се направи за решавање на проблемите, едноставно за све им се криви градоначалници, пратеници и министри од СДСМ, пратеници и советници од ДПМНЕ, ама никако да дадат решение за било кој проблем.

Татко ми, покоен, Господ душа да му прости, имаше две редовни изреки за вакви луѓе… „Рѓавом курцу и длака смета“ и „На пупуњка не му смрди гнездо, него гз“.

Така, „шетајки“ по изјавите на овие фраери и шмизли ќе приметите дека уште пред 5 години им сметал поранешниот градоначалник на Куманово зашто смислувал „фраерски изрази“, а као, он не бил тоа што се претставувал. Е не, вие сте.

Им смета и актуелниот градоначалник зашто „не го сакале неговите па ќе го менувале со продавач од Арбанашко“.

Loading...

Им смета и Шекеринска што си дала оставка… Им смета и ДПМНЕ зашто не поднеле тужба за измама против градоначалник, им смета и Стаљин, а ваљда и Хитлер, им сметаат сите можни кандидати и на СДСМ и на ДПМНЕ, апсолутно им смета Стоиљковиќ, им смета и големината на „тестисите“ на главните „играчи“ на политичката сцена (иако тоа е категорија која може едноставно да се провери), им сметаат и седниците на Совет на општина Куманово зашто нивното гледање може да доведе до „празнење на дебелото црево“, абе СВЕ ИМ СМЕТА! А решение ??! Е тропке, нема решение зашто за донесување на одлуки и решенија треба „два пара тестиси (да не кажу муда)“. И сега они мислат дека ќе направат листа, ќе добиле, пази богати, 5 советници! Викам ја, паметан беше покојни татко ми Драгиша, „Рѓавом курцу и длака смета“!

Ало, бе дечки, дај погледните се у огледало (нормално, ако имате, ако не ви е скршено) и разберите дека од вас 5 човека, најмалко 3 нема ни у улаз куде седив да ги гласав… Још мање у село куде имате викендице.

Политика е озбиљна работа, не може свака шуша, ала и врана да се занимава сас озбиљни работе.

Другарски поздрав, Виктор Војка!

Изнесените ставови не се лични ставови на уредништвото на порталот Кумановски Муабети, туку на самиот автор, оттаму не сносиме никакви последици за напишаното.

Leave a Reply