РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Американските хирурзи пресадија свински бубрег кај човек

Сподели со своите пријатели

Американските хирурзи успешно ја извршија трансплантацијата, така што свински бубрег пресадија на пациент со мозочна смрт.

Loading...

Лекарите сметаат дека честата примена на оваа процедура би можела да биде конечно решение за проблемот со недостаток на органи.

Пациентот бил мозочно мртов, поточно на вештачко одржување и без никакви шанси за закрепнување.

 

 

Експертите користеле бубрег на генетски модифицирана свиња за да го спречат човечкото тело да го препознае како туѓ предмет и да го отфрли.

Лекарите веруваат дека ова е најнапредниот експеримент во таа област досега. Имено, слични експерименти досега се правени само на примати, но не и на луѓе.

Loading...

Бубрегот функционирал нормално

За време на двочасовна операција, хирурзите во болницата во Њујорк го поврзале бубрегот на свињата со крвните садови на пациентот со цел да проверат дали бубрегот ќе функционира нормално или телото ќе го одбие.

 

 

Во текот на следните два и пол дена, тие внимателно ја следеле работата на органите, правејќи бројни проверки и тестови.

„Бубрегот функционираше нормално и се чини дека телото не го отфрли“, изјави д-р Роберт Монтгомери за Би-Би-Си.

Тој самиот бил подложен на трансплантација на срце, и рече дека е од големо значење да им се обезбедат на пациентите што е можно повеќе органи на листата на чекање.

Loading...

– Во моментов, околу 40 проценти од пациентите што чекаат трансплантација умираат пред да дојде нивниот ред. Веќе ги користиме свињите како храна и за медицински цели, така што ова не е нешто многу поразлично – додаде тој.