Рекордни дождови го поплавија Сеул, најмалку осум загинати

Сподели со своите пријатели

Најмалку осум лица загинаа во текот на ноќта во јужнокорејскиот главен град Сеул и метрополитенската област, соопштија властите во вторникот, откако силниот дожд ја прекина струјата и ги поплави патиштата и метрото.

Loading...

Повеќе од 100 мм дожд на час паѓаше во јужниот дел на Сеул доцна во понеделникот, додека во некои делови на градот забележаа 141,5 милиметри, најлошиот дожд во последните 80 години, објавија локалните медиуми, цитирајќи ја Корејската метеоролошка управа (КМА).

Во квартот Гангнам, некои згради се поплавени и без струја, додека автомобилите, автобусите и станиците на метрото беа под вода, а луѓето беа блокирани. Дождовите поплавија и некои продавници.

Штабот го вклучи алармот на највисоко ниво и побара од јавните и приватните организации да го прилагодат работното време.

Метеоролошката управа на Кореја издаде предупредување за обилни дождови во главниот град и градското подрачје, како и во делови од провинциите Гангвон и Чунгчеонг.

Ваквите предупредувања се издаваат кога се предвидува дека врнежите ќе надминат 60 mm во период од три часа или 110 mm за 12 часа.

КМА очекува обилните врнежи од дожд во централниот дел на земјата да продолжат најмалку до среда.