РЕКОРД: Фејсбук казнает со 5 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

По повеќемесечни преговори, Федералната трговска комисија на САД (FTC) одобри споодба според која компанијата Фејсбук ќе мора да плати рекордна казна во износ од пет милијарди долари, која е резултат на истрагата која FTC ја спровела по скандалот во кој беше вмешана британската аналитичка компанијата „Кембриџ аналитика“.

Loading...

Спогодбата ќе ја заврши истрагата која започна пред повеќе од година дена поради кршење на договорот од 2011 година кој Фејсбук го потпиша со FTC, според кој компанијата била должна да добива согласност од корисниците за споделување на нивните лични податоци.

FTC истрагата ја започна минатата година кога беше откриено дека на компанијата „Кембриџ аналитика“ и бил овозможен пристап до податоци на околу 87 милиони корисници на социјалната мрежа без нивна согластност.

Минатата недела, членовите на FTC конечно го изгласале договорот за спогодба. Тројца републикганци гласале за, додека двајца демократи биле против.

На Фејсбук му е предбидена казна од 3 до 5 милијарди долари за која тие претходно веќе издвоија три милијарди, што можеше да се види и во извештајот за финансиските приходи на компанијата во првиот квартал на 2019 година.

И покрај сите критики, приходите на компанијата и корисничкат абаза се во постојан раст.

Фејсбук оствари приход од над 15 милијарди долари само во првиот квартал годинава. Социјалната мрежа добива и 39 милиони корисници кои се дневно активни на платформата.

Иако паричната казна од пет милијарди долари е само едномесечен приход на компанијата, тоа е најголемата казна која FTC ја има изречено, далеку поголема од казната од 22,5 милиони долари која во 2012 година беше изречена на Гугл поради кршење на договорот за подобрување на приватноста на корисниците.

Loading...

Освен FTC и британската канцеларија за Доверба на инфомациите го казни Фејсбук со парична казна од 500.000 фунти поради истиот скандал.

Image by edar from Pixabay

Leave a Reply