Реконструирана водоводната мрежа на улиците зад „Монопол” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улиците зад поранешен “Монопол# во Куманово изградена пред речиси четири децении. По приклучок на новоизградената водоводна мрежа на главната се очекува нормализирање на водоснабдувањето во ниската зона во тој дел од Куманово.

Реконструирана е водоводната мрежа на улиците “Србо Томовиќ”, “Страшко Арсов” и “4 Јули” во вкупна должина од 460 метри.

– Спроведена е тендерска постапка, избрана е компанија од Скопје, а општината за оваа намена одвои милион и 645.000 денари – изјави помошник-раководителот на Секторот за комунални работи и инфраструктра и сообраќај, Момчило Јовановски.

Претходно, на овие улици беше извршена замена на фекалната мрежа, а општината со свои средства ја замени атмосферската канализација.

– По завршувањето на водоводната мрежа ќе се реконструираат и трите улици, за што веќе е завршена тендерската постапка, избрана е компанија од Куманово што ќе ги асфалтира улиците за што од буџетот се одвоени 9,23 милиони денари – рече Јовановски.

Leave a Reply