Реконструиран патниот премин кај селото Лопате (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта во целост го реконструираа патниот премин на регионалниот пат Куманово – Опаје – Липково кај селото Лопате, кој поради значителната оштетеност беше сериозен проблем за поминување на патничките возила.

Loading...

Од компанијата соопштија дека преземените активности ќе овозможат побезбеден и поквалитетен сообраќај на патничките возила преку патниот премин.

– Поради честите оштетувања на патниот премин и отежнато движење на патничките возила заедно со Јавното претпријатие за државни патишта организиравме заеднички активности за подолготрајно решавање на проблемот. ЈПЖИ Железници изврши демонтажа на постојните гумени елементи, чистење на загадената засторна призма, дополна на толчаник, машинско регулирање на колосекот и повторно монтирање на гумените елементи со нивно нивелирање и вклопување според нивелетата на асфалтната подлога, додека Јавното претпријатие за државни патишта изврши асфлтирање на патот помеѓу колосеците, соопшти Железница.

Leave a Reply