Референт во Агенцијата за катастар од Куманово заработи две кривични пријави

Сподели со своите пријатели

Референтот вработен во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Куманово заработи две кривични пријави, и тоа поради основи на сомнение дека сотирл две кривични дела и тоа „злоупотреба на службена положба и овластување“  и „фалсификување службена исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, пријавениот од 02.11. до 10.11.2011 година, постапил спротивно на службеното овластување при што на С.М. (57) од Куманово, по претходен усмен договор, оформил два предмета за наводна исправка на техничка грешка по службена должност.

По ова, девет катастарски парцели во с.Дејловци со вкупна површина од 65.583 м2, кои биле во сопственост на повеќе лица, без никаков правен основ ги впишал како сопственост на С.М. и ги спровел во електронскиот систем на катастарот на РМ префрлувајќи ги на имотен лист на С.М.

Кривичните пријави ги поднесе Секторот за внатрешни работи – Куманово во текот на вчерашниот ден.