Расте нивото на вода во акумулациите Липково и Глажња

Сподели со своите пријатели

Врнежите од снег и дожд во липковскиот регион го зголемија количеството на вода во акумулациите Липково и Глажња, информираа денеска надлежните од водостопанство „Кумановско-липковско поле”.

Loading...

Според последните мерења, во двете акумулации има  околу 13 милиони кубни метри вода.

-Во изминатиов период имавме посериозни врнежи од дожд и снег што доведе до покачување на нивото на браните Глажња и Липково. Моментално состојба на вода изнесува 13.000.000 , додека слободен капацитет изнесува уште 9.000.000 милиони метри кубни. Радува фактот дека е зголемен водостојот на реките Думановска и Гошинска, односно дотурот на вода во браните. Очекуваме да ја почнеме сезоната на 15 мај со минимум количини од 15.000.000 метри кубни вода-изјави директорот на подружницата, Оливер Илиевски.

Инаку, вкупниот капацитет на двете брани е 24 милиони кубни метри вода. Во јануари, според податоците на претпријатието имаше околу седум милиони кубни метри вода, поради недостиг на врнежи.

Подоцна во февруари почна благо зголемување на количините на вода поради топење на снегот.

И вчерашните врнежи од снег поволно ќе влијаат врз зголемување на количините на вода во двете акумулации.

МИА

Leave a Reply