Расте бројот на внатрешно раселени лица низ светот

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за миграција на Обединетите нации денеска објави дека пандемијата на коронавирус „радикално ја промени“ мобилноста во светот и предвиде дека бројот на меѓународни мигранти веројатно ќе остане помал додека се во сила ограничувањата за патување и другите ограничувања.

Loading...

Извештајот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за 2022 година, кој ги евидентира сите трендови во движењето на луѓето, од оние кои бегаат од војна и конфликти до работници кои бараат работа во странство, укажува на „драматичен пораст“ на внатрешно раселените лица поради природни катастрофи, конфликти и насилство, додека земјите воведоа епидемиолошки ограничувања и спорадично затворени граници откако пандемијата се појави и се прошири во последните две години.

„Сведоци сме на парадокс што никогаш досега не бил виден во човечката историја“, рече генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино, истакнувајќи дека милијарди луѓе се под ограничувања, а десетици милиони други се раселени во нивните земји, пренесе Бета.

Се наведува дека во светот има 281 милион мигранти, според последните целосни податоци од 2020 година, додека во 2019 година тој број бил 272 милиони.

Околу 60 отсто од тие мигранти минатата година биле баратели на работа.