Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат Пелистер, ракометарите РК Јуниор

Сподели со своите пријатели

Машкиот ракометен клуб Куманово утре со почеток во 16 часот го игра натпреварот од второто коло во домашниот шампионат, а за првотиник на домашен терен ќе го има составот на РК Јуниор К.В.

Loading...

Кумановци веќе одиграа еден натпревар минатиот викенд кога впишаа еден бод откако натпреварот со РК Аеродром заврши со нерешен резултат

Утре натпревар на домашен терен ќе одигра и Женскиот ракометен клуб Куманово со почеток во 18:30 часот. Станува збор за меч од второто коло во домашниот шампионат, а на домашен терен ќе го пречека составот на Пелистер.

Кумановки влегуваат како фаворити во мечот, откако сезоната ја отворија со победа против ЖРК Шампион на гостински терен.

Двата натпревари ќе се играат во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а публиката ќе може да ги следи согласно протоколите пропишани за следење настани во затворен простор, што предвидува и задолжителен сертификат за вакцина.

Никола Ивановски