Ракометарките на Куманово го совладаа ЖРК Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово со резултат 29:19 остварија убедлива победа врз составот на ЖРК Гевгелија во мечот кој вчера го одиграа на гостински терен.

Loading...

Доминацијата на кумановки започна уште на самиот старт на натпреварот и целото прво полувреме кое го завршија со позитива, односно резултат 09:14.

Ништо поразлично не беше и во вториот дел од средбата кога гостинскиот состав уфрли пет погодоци повеќе за конечна победа врз домаќинот.

Ова е петта победа на ЖРК Куманово од исто толку одиграни натпревари.

Со шест реализирани погодоци најефикасна во составот на Куманово беше Пена Граматова, додека пет запиша Сузана Зечевиќ.

Во составот на ЖРК Гевгелија со седум голови најдобра игра прикажа Бети Петковска.

Никола Ивановски