Ракометарите на Куманово го пречекуваат ГРК Тиквеш

Сподели со своите пријатели

Машкиот ракометен клуб Куманово денеска со почеток во 14:30 часот во Спортската сала во Куманово го пречекува составот на ГРК Тиквеш во рамките на Првата машка ракометна лига на Македонија.

Откако во минатото коло кумановци на гостински терен го совладаа составот на Младост со резултат 25:28, денска попладне ќе тргнат во битка за нова победа и нови три поени на табалета, каде се наоѓаат на седмата позиција со четири победи, пет порази, и три нерешени натпревари од досега одиграните 12 меча од почетокот на сезоната.