Ракетирани Одеса и Николаев, три лица повредени

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени во ракетните напади на руските сили врз областа Одеса, соопшти шефот на регионалната администрација Сергеј Братчук.

Loading...

Тој изјавил дека две ракети погодиле еден од рекреативните центри и потоа избил пожар, пренесува Танјуг.

Се додава дека оштетени се неколку приватни објекти во околината.

Руските сили синоќа извршија силно гранатирање на Николаев, соопшти градоначалникот Александар Сенкевич.

Тој рече дека силни експлозии одекнале во различни делови на градот и ги повика граѓаните да останат во засолништа.

Според Сенкевич, биле погодени цивилни згради, а биле оштетени и станбени згради.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.