Работник поправал клима во куќата, па пронашол врата на тајна соба (видео)

Сподели со своите пријатели

Момче дошол да поправи систем за климатизација во една куќа, но наишол на нешто што не го очекувал.

Кога еден сервисер за клима уреди дошол да ја поправи климата во куќата во Плант сити во американската сојузна држава Флорида не сонувал што таму ќе го дочека.

Се работи за куќа која е целосно реновирана и само уште требало да се направи сервис на системот за климатизација. Кога ја завршил својата работа, работникот отишол дома, но од фирмата за која работи му се јавиле дека инспекцијата пронашла дека една цевка попуштила.

Тој потоа се вратил во домот за да детално прегледа каде е проблемот. Кога се качин на таван видел тепих кој води кон нешто. Зачекорил по него и дошол до ѕидот, а тогаш сфатил дека се работи за врата.

Ги турнал и пронашол тајна соба. Во неа се наоѓал тепих и прекинувач за светло. Немало клуч од надворешната страна, туку само од внатрешната, па се претпоставува дека не е направена за да некој се држи во заложништво.

По подот имало расфрлано приватни работи и две регистрациски таблички.

Работникот со камера забележал што пронашол, а кога тоа го споделил на социјалните мрежи дознал дека во таа куќа претходно живеело момче по името Р.Ј. и неговата мајка Ди Ди Мур, познат убиец. Таа, имено, во 2012 година била обвинета за убиство на Абрахам Шекспир, добитник на лотарија.

Се препоставува дека во таа соба се криела од полицијата.

Loading...