РАБОТА ОД ДОМА: Кошмар или предност?

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од луѓето посакуваат работа за компанија која ќе ја вршат од дома, од својот компјутер, но и тука постојат проблеми.

Прво, малку компании нудат вакви можности, според истражувањето само 11 отсто, а оние кои тоа го нудат се трудат максимално да го искористат работникот.

Елекстронската пошта е достапна и преку мобилниот телефон, дури и кога одмарате или сте некаде во гости, сигурно се наоѓате себе како ја проверувате електронскат апошта. Ваквата врста на работа особено е е примамлива за мајките со мали деца. Сепак, работата од дома често подразбира и прекувремена работа за да се исполнат барањата на работодавачите.

Според истражувањата во Гермнија, по осум часа работно време, некои работодавачи очекуваат вработените и натаму да им стојат на располагање, да бидат вклуичени во мрежата и работниот процес.

Експертите од областа на прават ана работниците се залагаат во договорот, но и во законот, да стои одредница за правата на недостапност, односно правото работникот да биде изземен од работа по завршувањето на работниот ден.

Постојат и другир аботи од дома, по системот „сам свој газда“, ова на поголемиот дел од луѓето им делува многу привлечно затоа што немаат шеф над главата и самите си го организираат работното време, но и ризикот од потенцијален неуспех го сносат самите.

Една од најчестите дилеми која се јавува со било кој оглас во врска сор абота до дома е како да ја најдам вистинската работа до дома. Многу има сомнителни луѓе кои на интернет ви ветуваат илјадници долари месечно, па затоа внимавајте да не бидете измамени.

Доколку на самиот почеток бараат да уплатите пари, откажете се веднаш за да подоцна не се покаете. Добра вест е дека ако знаете да барате, можете да пронајдете работа која можете во целост или делумно да ја работите до дома.