Путин: Жалам што не ја нападнавме Украина порано, бевме измамени

Сподели со своите пријатели

Русија требаше порано да започне активни акции во Украина, но долго време се обидуваше да го реши конфликтот по мирен пат и се потпираше на чесноста на своите противници, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за новинарот Павло Зарубин.

Loading...

Видеото од интервјуто е објавено на каналот Телеграм на Кремљ.

„Единствено за што можеме да жалиме е што не ги започнавме нашите активни акции порано, верувајќи дека имаме работа со пристојни луѓе“, рече Путин опишувајќи ја ситуацијата околу Украина, пишува руската државна прорежимска агенција ТАСС.

Путин рече дека Русија во првата фаза се обидела да го реши конфликтот во Донбас по мирен пат, односно со договорот од Минск.

„Подоцна се испостави дека сме измамени во овој поглед, бидејќи и поранешната германска канцеларка и поранешниот француски претседател отворено признаа во јавноста дека никогаш не планирале да ги исполнат договорите. Наместо тоа, тие купуваа време да му достават повеќе оружје на режимот во Киев, што е токму она што го направија“, рече Путин, пренесе ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.