Путин: Сите заслужни во војната во Украина да бидат одликувани

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу предложи да им се оддаде почит на „сите заслужни учесници во специјалната операција во Украина“.

Loading...

Путин им честиташе на руските војници кои ја „ослободија“ самопрогласената Луганска народна република (ЛНР), за што Шојгу лично го информираше на денешната средба емитувана на телевизија.

Рускиот претседател додаде дека војниците кои учествувале во операциите во ЛНР сега треба да одморат, но дека останатите војници треба да продолжат да се борат.

Шојгу му рекол на Путин дека „операцијата за ослободување на ЛНР е успешно завршена“, пренесува РИА Новости.

– Во рок од две недели, групите беа опколени и ликвидирани во Горски Котло, во областите Лисичанск и Северодонецк. Воспоставена е контрола над 25 населени места, од кои најголеми се Северодонецк, Золоте, Горскоје и Волчејаровка – рече Шојгу, додавајќи дека операцијата е завршена вчера за ослободување на еден од најголемите градови на ЛНР, Лисичанск.

Претходно Министерството за одбрана соопшти дека Шојгу му пријавил на Путин дека ЛНР, како што се наведува, е ослободена.