Прво појавување на трансродовиот актер по операцијата: Гордо покажа како изгледа сега, а каков беше како жена (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Елиот Пејџ неодамна имаше две премиери на црвениот тепих. Имено, тој се појави на Мет Гала, а тоа воедно беше и негово прво појавување на важен настан откако стана трансродова личност.

Loading...

Актерот што некогаш го знаевме како Елен Пејџ, се појави во прекрасно издание на црвениот тепих на овогодинешниот Мет Гејл. Изгледаше елегантно во преголем црн костум и патики, а насмевката не ја тргна од лицето додека позираше пред насобраните фотографи.

 

 

Ова беше негово прво појавување на црвениот тепих откако во декември минатата година ја објави веста за својот трансродов род, а воедно и прва Мет Гала.

Ѕвездата на филмот „Јunо“ беше подложена на операција за отстранување на ткивото на градите со цел да се постигне посакуваниот помажествен изглед.

 

Loading...

 

„Тоа целосно го промени мојот живот“, рече тој за магазинот „Тајм“, додавајќи дека операцијата го ослободила од целосниот пекол низ кој поминал за време на пубертетот и му овозможило конечно да може да се погледне во огледало. Еве како изгледаше Елиот порано, кога беше Елен.