Првите плажи каде пушењето е целосно забрането

Сподели со своите пријатели

Цигарите, како и уредите кои испуштаат никотин, се забранети на плажите.

Loading...

Минатиот петок официјално беше прифатена измена на Правилникот со кој сите градски плажи во Барселона се прогласуваат за „зони без чад“.

Тоа значи дека на плажите е забрането конзумирање на тутунски производи и употреба на уреди кои испуштаат никотин.

Забраната се заснова на заштита на животната средина и правото на граѓаните да уживаат во чист јавен простор, без чад и цигари, да го зачуваат соживотот на граѓаните и да го заштитат здравјето на луѓето, особено на најранливите, пишува порталот Барселона.кет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Момче дух“: Поминал 13 години заробен во сопственото тело, па се разбудил од кома

Пилот проектот „плажа без чад“ беше спроведен минатата година на четири плажи во Барселона – Сант Микел, Соморостро, Нова Икарија и Нова Мар Бела, кога не беше дозволено пушење во песочната област и морето за време на сезоната на капење.

Иницијативата брзо се прошири низ медиумите и социјалните мрежи.

Беа јасно означени плажите без чад, забраната за пушење беше соопштена и преку системот за јавно обраќање, а специјален информативен тим за заштита на животната средина им објасни сè детално на корисниците на плажите и ги едуцираше за штетноста на тутунските производи.

Резултатите покажале значително намалување на процентот на пушачи на плажите и на бројот на цигари оставени во песокот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот