ПРВ ПАТ ВО СВЕТОТ: Пиво со чоколаден сладолед

Сподели со своите пријатели

Произведувач на пиво во Њујорк и произведувач на сладолед се здружиле за да нивните потрошувачи можат да уживаат во пиво со сладолед.

Се работи за чоколаден деликатес со пивото на Кептен Лоренс пиварницата и сладоледот на Карвел во форма на кит.

Силното црно пиво се прави со чоколаден сладолед и има шест проценти алкохол, пренесува АП.

Пиварата наведува дека пивото оди добро со чадена храна и чоколадни десерти.

Првата тура на „Fudgie the Beer“ е распродадена, а вторате се очекува во петок.

Ова пиво може да се испие само во пивницата на Кептен лоренс во Елмсфорд, Њујорк.

Leave a Reply