Прв Меѓународен фестивал на краток филм во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на фото-кино клуб “Козјак” – Куманово отворен е конкурс за Прв меѓународен фестивал на кратoк филм “ФИЛМАЈ 2019”.

Loading...

ФИЛМАЈ смета дека било што може да е дел од филмската приказна, без оглед колку однадвор или настрана е од видливата и чујна содржина на филмскиот кадар. ФИЛМАЈ се начнува како меѓународен филмски фестивал, воден од идејата дека големи промени се постигаат преку низ од мали чекори. ФИЛМАЈ има намера да поттикне неконформистичко размислување со идеи кои потекнуваат од надвор-од-кутијата, велат организаторите.

Пријавувањето на конкурсот, како што информираат од клубот, трае до 5 мај 2019 и истиот е отворен за учество на сите филмски дела, направени од професионални и аматерски поединци и групи. Филмовите може да бидат од сите видови: игран, документарен, експериментален, анимиран. Кратките филмови треба да се во должина до 30 минути, информираат од Фото-кино клуб „Козјак“.

Пријавувањето е со пополнување на апликацискиот формулар на следниов линк, како и на е-mail адреса [email protected] .

На конкурсот ќе се доделат три награди:

– награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија

– награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија

– награда за најдобра приказна/сценарио

Loading...

Фестивалски проекции ќе бидат на 29 мај 2019 (среда) во Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино “Напредок”).

Leave a Reply