ПРСТ ВО ОКО НА АМЕРИКА: Huawei гради фабрика во Европа

Сподели со своите пријатели

Huawei доби поддршка од Европа за изградба на 5G мрежи низ целиот континент, дури и од Велика Британија, иако притисокот на САД за спречување на ова е невиден.

Loading...

Huawei сега оди еден чекор понатаму со инвестирање 200 милиони евра во изградбата на својата прва фабрика за телекомуникациска опрема во Франција. на европско тло воопшто.

ПРЕСВРТ: Google бара да се врати на Huawei телефоните?

Фабриката ќе произведува 4G / LTE и 5G телекомуникациски делови и опрема, кои ќе се користат првенствено во развојот на европските мрежи и во целиот свет.

Фабриката исто така ќе има и демонстративен центар што ќе ја прикаже работата на опремата, софтверот за тестирање и услугите засновани на мрежи од четврта и петта генерација.

Според компанијата Huawei, вратите на фабриката и демонстративниот центар ќе бидат отворени за сите, особено за оние што сакаат да научат за начинот на Huawei за водење бизнис и филозофија на работа.

Кинеските гиганти со заеднички сили против Google Play Store

Фабриката ќе има целосно транспарентен пристап кон бизнисот, додека благодарение на истражувачкиот центар, набавките, логистиката, испораката и другите активности на фабриката ќе профитираат  и локалните и европските економии.

Loading...

Вредноста на опремата што компанијата планира да ја произведува секоја година во својот прв ваков погон во Европа ќе биде најмалку една милијарда евра.

„Планираме во иднина да произведуваме свои компоненти на одредена производна локација во Европа. Затоа, работиме на физибилити студија за отворање фабрика во Европа. Изборот на земја ќе зависи од оваа студија”, рече еден од претседателот на Huawei, Лианг Хуа.

Ова се најзначајните разлики помеѓу 4G и 5G мрежата

Претседателот на Huawei исто така рече дека во областа на 5G технологијата, компаниите „веќе не зависат од добавувачите од САД за снабдување со чипови и други компоненти.

Во мај 2019 година, американската администрација ги стави на своите корпоративни црни листи Huawei и 68 нејзини филијали, означувајќи ја компанијата како безбедносен ризик.

Официјален претставник на Вашингтон изјави во тоа време дека технолошкиот гигант е „оружје на кинеското разузнавање“, што и Пекинг и Huawei категорично го негираа.

Huawei оствари рекордна заработка и покрај санкциите од САД

Huawei оттогаш успеа да започне со производство на своите уреди без делови од САД, заменувајќи ги со компоненти од трети страни. Така се прават новите телефони денес, без никаква американска технологија, хардвер или софтвер.

Loading...

Leave a Reply