Huawei оствари рекордна заработка и покрај санкциите од САД

Сподели со своите пријатели

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies објави дека оствари рекордна заработка во 2019 година, и покрај бурната година во која САД и нејзините сојузници го ставаа на црната листа.

Loading...

„И покрај концентрираните напори на владата на САД да не запре, ние успеавме и продолживме да создаваме вредност за нашите потрошувачи“, рече претседателот на Huawei, Ерик Ксу.

Продажбата на Huawei за 2019 година ќе достигне 850 милијарди јуани (122 милијарди американски долари), што е годишно зголемување за приближно 18 проценти.

„Овие бројки се пониски од нашите првични проекции“, рече Ксу, додавајќи дека компанијата „стои цврсто и покрај неволјите“.

Вашингтон смета дека Хуавеј е опасност

Во 2018 година, годишните приходи на Huawei пораснаа за 19,5 проценти.

Најголемиот производител на опрема за телекомуникациска мрежа во светот и вториот по големина производител на паметни телефони Huawei беше ставен на американскиот „список на ентитети“ во мај, блокирајќи ја кинеската компанија за бизнис соработка со САД.

Вашингтон смета дека Хуавеи претставува закана за националната безбедност ширум светот затоа што кинеската влада би можела да ги шпионира корисниците. Huawei неколку пати го негираше тоа.

Loading...

Ксу рече дека не очекува компанијата да биде ставена на црната листа во 2020 година и предупреди дека ќе следи „тешка година“.

Leave a Reply