Промоција на „Последната книга на планетата земја“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Последната книга на планетата земја“ е насловот на новиот роман на кумановскиот автор Филип Петровски која утре со почеток во 19 часот ќе биде промовирана во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

– Се работи за постапокалитичен криминолошки трилер. Во четврток во 19 часот ќе се одржи промоцијата. Ова дело е плод на една моја длабока визија и ги поканувам сите љубители на пишаниот збор да бидат присутни во четврток. Првата книга носи наслов „Светот во световите“ и пред две години беше промовирана овде. Исто така сакам да искажам благодарност до спонзорите Општина Куманово, кафе бар Агора, Мултитим, како и за корицата од Зоран Арсовски. Оваа книга е планирано да има продолжение сакам да биде трилогија, вториот дел веќе се работи, изјави Петровски.

На промоцијата ќе има и музичка програма, а љубителите на културата ќе може да уживаат и во краток актерски перформанс.

Leave a Reply