Времето во Македонија ќе биде повремено облачно, наутро со услови за појава на магла во котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе биде најизразен в долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 12 до 18.
Во Скопје слично време, пoвремено облачно, наутро со услови за појава на магла, а попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник врнежи ќе има во планинските региони и ќе бидат со локален карактер, а на југ можна е и појава на грмежи. Ќе дува јужен ветер кој во недела краткотрајно ќе засилува. Во понеделник особено в долж Повардарието ветерот ќе биде засилен.
Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток кога ќе дојде и до опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.
Извор: МИА
Loading...