Прогласена воздушна опасност низ цела Украина: Нови напади врз Киев!

Сподели со своите пријатели

Воздушна тревога беше прогласена низ Украина рано утринава поради руските ракетни напади, но таа беше укината неколку часа по нападот за поголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Киев, чии власти соопштија дека одбраната соборила повеќе од 30 руски ракети и дронови.

Loading...

Москва изврши околу 20 одделни ракетни и беспилотни напади врз украинските градови од почетокот на мај.

Воените власти на Киев на Телеграм објавија дека Русија истовремено лансирала беспилотни летала и крстаречки ракети.

„Според прелиминарните информации, повеќе од 30 воздушни цели од различни типови се откриени и уништени во воздушниот простор над и околу Киев од страна на силите за воздушна одбрана“, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој претходно објави два одвоени бранови напади, на Телеграм напиша дека нема повици за спасувачките служби.

Украина тврди дека нејзината одбрана ги соборува повеќето руски ракети и беспилотни летала.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.