Проектот „Добредојде бебе“ стартува и во кумановската болница (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Извод од матична книга на родени од денеска родителите за своите бебиња ќе може да добиваат во кумановската Општа Болница, наместо да чекаат на шалтерите.

Проектот денеска го промовираше заменик министерот Гоце Чакаловски кој на Одделението за гинекологија и акушерство на две родилки им ги врачи изводите за нивните деца.

Тимови од Управата за електронско здравство ги посетија сите 17 родилишта во Република Македонија, направија обука со персоналот, тренинзи, се надевам дека овој проект ќе продолжи. Протктот е замислен да им се олесни на родителите, 48 часа по раѓање, односно со денот на испис на мајката и на бебето да добијат и извод од матичната книга на родени – вели заменик министерот Чакаловски.

Loading...

 

За да добијат извод во болницата, родителите треба да имаат лични карти и да го знаат името на новороденчето. Како што потенцираше заменик министерот Чакаловски овој проект е направен за да не се шетаат родителите низ институциите и да губат време на шалтери.

Станува збор за заеднички проект на Министерството за здравство, Управата за електронско здравство, Министерството за внатрешни работи и Управата за водење матични книги.

Управата го поддржува проектот, продолжуваме понатаму, екипирани сме и стоиме на располагање на граѓаните како сервис. Поврзани сме електронски, нивните и нашите стручни тимови, системот функционира беспрекорно, од утре сите новородени бебиња ќе може да добијат изводи во самата болница – вели Ѓоко Котевски од Управата за водење матични книги.

Досега преку проектот кој во Скопје се спроведува веќе две недели, доделени се  91 извод од матична книга на родени.