Продолжува благиот пораст на дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец.

Минималните температури, како што инфомираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од 6 до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 26 до 33 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 28 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура, додаваат од УХМР.

Leave a Reply