Проценувале штета од земјотрес па откриле храм стар 3.000 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Разорниот земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер минатата година го погоди Мексико, а покрај штетата коа ја предизвика, довел и до големи археолошки откритија.

Имено, археолозите изминатите недели пронашле неколку важни ископи на локалитетот „Теопанзолко“, одалечени 70 километри од Мексико Сити.

Една од нив е и астечкиот храм, за кој се претпоставува дека датира од 1150. година пред новата ера, и многу е веројатно дека е градба на цивилизацијата Тлахуика која била заслужна за изградба на целиот град Теопанзолко, околу 1200. година пред новата ера.

https://twitter.com/ContempraINN/status/1029320836598194176

Loading...

Познато е дека припадниците на оваа цивилизација имале обичај на веќе постоечки градби, да градат нови, па така овој храм е пронајден во внатрешноста на една пирамида. До оваа откритие можеби не би се дошло доколку археолозите од Националниот музеј по археологија и историја на Мексико не решиле да тргнат во проценка на штетите кои земјотресот ги предизвикал на овој локалитет.

Археолозите сметаат дека храмот е посветен на богот Тлалок, за кого Ацтеките верувале дека може да донесе дожд, но и да предизвика суша, поради што како жртви му принесувале деца, и тоа во првиот месец од нивниот осумнаесетмесечен календар.

Археолозите открија гробници во вид на тегли стари 2800 години (видео)

Во пирамидата се пронајдени и остатоци од керамички острици и горилник за тамјан.

По анализата на остатоците утврдено е дека земјотресот оштетил делови на темелите на кои била изградена пирамидата.

Покрај овој локалитет, земјотресот оштетил и цркви во Монт Албан, а за нивната обнова минатиот месец собрани се милион долари.

https://youtu.be/jtcQLMh5Syg

Leave a Reply