Археолозите открија гробници во вид на тегли стари 2800 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Употребувајќи мали лопатки, археолозите во источна Турција се обидуваат да ги откопаат тајните на едно древно царство, поточно гробници за кои се верува дека настанале пред 2800 години во местото викано Ван.

Loading...

Гробните јами кои изгледаат како големи тегли, спрема мислењето на археолозите, припаѓаат на древното асириско кралство Урарту, кои на подрачјето на Турција владееле кон средината на деветиот век п.н.е, пишува Дејли Мејл.

Местото Ван било главен град на ерменското кралство кое уште е познато и како Кралството Ван, се до шести век пред Христа.

Околу педесет археолози се наоѓаат на местото на пронајдената гробница во надеж дека скоро ќе ги откријат тајните кои ги сокрива ова место.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.