Приведено лице во Куманово за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец вчеравечер бил приведен поради издржување затворска казна.

Loading...

– На 27.07.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода И.М.(35) од Куманово  кој се барал за издржување на затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој, исто така, според полицијата, се сомничи дека е сторител на кривично дело „изнуда“, а при приведувањето кај него била пронајдена и марихуана.

И.М. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски