Приведени двајца кумановци кои нападнале сограѓани

Сподели со своите пријатели

Две лица од кумановското село Черкези биле приведени вчера под сомнение дека физички нападнале други две лица.

Loading...

– На 28.02.2024 во 21.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А.(42) и В.А.(38), двајцата од село Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека истиот ден на улица „Илинденска“ во Куманово физички ги нападнале Е.М.(23) и И.М..

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува локална нестабилност со пообилни врнежи