Приведен кумановец за издржување на затворска казна

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец бил приведен во текот на вчерашниот ден поради издржување затворска казна за сторено кривично дело насилство.

Loading...

– На 04.10.2021 во 15.15 часот на ул.„405“ во Куманово,  полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Д.Г. (24) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, лицето се барало за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик -„насилство.“

Д.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски