Приведен кумановец осомничен дека ограбил црква

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец вчера бил приведен поради сомнение дека извршил кражба во црква во селото Долно Којнаре од каде одзел пари.

Loading...

– Вчера (24.11.2021) во 15.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(38) од Куманово поради сомнение дека на 24.11.2021 со употреба на сила влегол во црквата Св.„Спас“ во населбата Долно Којнаре и одзел пари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски