Приведен кумановец кој утринава избегал од затвор

Сподели со своите пријатели

Кумановец кој утринава избегал од затворот Идризово каде издржувал затворска казна, бил приведен утринава откако извршил кражба, при што еден од полицајците пукал и во воздух.

Loading...

– Денеска (20.05.2023) околу 09.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба и од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница

Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна, а при лишувањето полициските службеници испукал еден предупредувачки куршум.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, велат од МВР.

Никола Ивановски