Приведен крадец од Куманово за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од Куманово вчеравечер бил приведен за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“

Loading...

– На 23.11.2021 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода E.Р.(25) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски