Приведен дилер од Куманово, пронајдена дрога

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен во текот на вчерашниот ден откако при претрес во неговиот дом полицијата пронашла различни видови наркотици и предмети за подготовка на мини лабораторија за марихуана.

Loading...

– На 22.09.2021 во 16.10 часот, полициски службеници од Одделот за Крим-полиција-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(36) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана – импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски