Приведен 32-годишен крадец од Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишник од Куманово бил приведен вчера под сомнение дека одзел повеќе предмети од трговски објект.

Loading...

– На 26.11.2023 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 24.11.2023 од трговски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Д.Д. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

Никола Ивановски