Притисокот продолжува: И Австралија го забранува ТикТок на владините уреди

Сподели со своите пријатели

Австралија денеска го забрани ТикТок од сите официјални уреди на федералната влада од безбедносни причини, придружувајќи им се на голем број американски сојузници кои презедоа акција против видео апликацијата во кинеска сопственост.

Loading...

Одлуката ја истакна зголемената загриженост дека Кина би можела да ја користи апликацијата, во сопственост на Бајт Денс со седиште во Пекинг, за собирање податоци за корисниците за да ги унапреди своите политички цели и да ги поткопува безбедносните интереси на Западот, пренесува Ројтерс.

Одлуката би можела да ги обнови дипломатските тензии меѓу Австралија и Кина, нејзиниот најголем трговски партнер, по нешто помирна фаза откако премиерот Ентони Албанес ја презеде функцијата минатиот мај, наведува британската агенција.

ТикТокрече дека е крајно разочаран од одлуката на Австралија, велејќи дека таа е „водена од политиката, а не од фактите“.

Забраната ќе стапи на сила „што е можно побрзо“, објави во изјавата државниот обвинител Марк Драјфус, додавајќи дека исклучоците ќе се даваат само од случај до случај и со соодветни безбедносни мерки.

Со одлуката на Канбера, сите членови на таканаречениот сојуз за собирање и споделување разузнавачки информации „Фајв ајс“, кој ги вклучува Австралија, Канада, САД, Велика Британија и Нов Зеланд, ја забранија апликацијата TikTok од владините уреди.

Франција, Белгија и Европската комисија најавија слични забрани.

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Жи Чу, во сведочењето пред американскиот Конгрес минатиот месец, постојано негираше дека апликацијата споделува податоци или има врски со властите во Пекинг.

Loading...

Управниот директор на ТикТокза Австралија и Нов Зеланд, Ли Хантер, рече дека нема докази што укажуваат на тоа дека платформата на кој било начин претставува безбедносен ризик за Австралијците и не треба да се третира поинаку од другите платформи за социјални медиуми.