Пристигнуваат нови аудио производи од Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзините корисници, во месеците пред нас, ќе можат да слушаат подкасти директно на апликацијата Фејсбук.

Loading...

Фејсбук ја воведува оваа нова опција во време кога пазарот за различни аудио формати експлодираше за време на пандемијата, од голем број разновидни подкасти до платформата Clubhouse.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека компанијата планира да лансира неколку аудио производи и алатки за пребарување и репродукција на подкасти.

Фејсбук исто така ќе додаде алатки за креирање аудио содржина, кратки аудио формати и, пред сè, „Live audio rooms“, инспирирани од успехот на Clubhouse, апликација преку која корисниците слушаат и учествуваат во разговор без слика.

Брзото ширење на апликацијата Clubhouse, стара само една година, покажа голем потенцијал за услуги за аудио разговор, особено додека луѓето престојуваа дома за време на пандемијата од ковид-19.

Leave a Reply