Пристигна првата реакција на Русија за заминувањето на Борис Џонсон

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува денеска да поднесе оставка, што може да има последици за британската поддршка за Украина.

Loading...

Треба да се напомене дека Борис Џонсон ќе поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија, додека на премиерската позиција ќе остане до есен.

Ова го потврди британскиот министер за одбрана Бен Валас, наведувајќи ги „прашањата за националната безбедност“ како причина, што го вклучува и придонесот на Велика Британија во одбраната на Украина.

Во изминатите неколку месеци, украинскиот претседател Володимир Зеленски немаше ништо друго освен пофални зборови за Борис Џонсон, еден од првите западни лидери што го посети Киев откако Русија ја нападна Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)

„Тоа навистина не нè засега нас“

Кремљ, се разбира, ги гледа работите сосема поинаку.

Портпаролот на Путин Дмитриј Песков денеска ја коментираше најавата за заминувањето на Џонсон.

„Тоа навистина не нè засега нас“, рече Песков, а потоа додаде: „Тој не нè сака, a и ние не го сакаме него“.

Се очекува Лиз Трус, актуелната британска министерка за надворешни работи, која денеска го откажа своето патување во Индонезија за самитот на Г-20, би можела да се кандидира за шеф на Конзервативната партија и, следствено, за нов британски премиер.

Loading...