Пријавено злоупотреба на гласачко право на изнемоштено лице во село Градец

Сподели со своите пријатели

Во полицијата вчера околу 9 часот било пријавено злоупотребено избирачко право во смејната куќа на Ј.Ш. во село Градец во општина Врапчиште, соопшти денеска МВР во дневниот Билтен.

Два члена од Општинската изборна комисија Врапчиште дошле во куќата со цел изнемоштената Ѓ.Ш. да оствари право на глас. Двајцата и зеле отпечатоци од прстот во регистарот на гласачи, а едниот од нив заокружил реден број на една политичка партија спротивно на нејзината волја.

Снаата на Ѓ.Ш. побарала од членовите на изборната комисија да и се даде друго ливче на нејзината свекрва за самата да си го оствари правото на глас, но тие и кажале дека нејзиното гласачко ливче ќе го направат неважечко и не и дале друго ливче односно и го оневозможиле правото да гласа.

– Гласачкото ливче го ставиле во плико и си заминале, иако од пријавителката им било укажано дека ќе бидат пријавени во полиција. Пријавителката посочила дека двете лица се од село Градец. За време на целиот настан во дневната соба била и ќерката на пријавителката која изјавила дека не видела ништо. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, наведува МВР

Извор: МИА

Loading...