Приходите на кинескиот „Xiaomi“ скокнаа за 55 проценти во првиот квартал

Сподели со своите пријатели

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi во средата објави дека нивните приходи во првиот квартал од оваа година скокнале за 55 проценти во споредба со истиот период минатата година, благодарение на големите пратки на паметни телефони.

Loading...

Во првите три месеци од оваа година, приходите на Xiaomi достигнаа така 76,9 милијарди јуани (12 милијарди долари), објави кинеската компанија.

Нето добивката скокна на 7,8 милијарди јуани, од 2,15 милијарди јуани во истиот период минатата година.

 

 

Приходите од продажба на паметни телефони се зголемиле за 69,8 проценти во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година, на 51,5 милијарди јуани.

Во исто време, приходите од услугите на интернет се зголемиле за 11,4 проценти, на 6,6 милијарди јуани.

Loading...

Уделот на Xiaomi на пазарот на паметни телефони во Кина се зголемил за 75 проценти во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година, според истражувачката агенција Canalys, бидејќи Huawei се повлече од тој пазар откако американските трговски санкции ја ограничија нивната можност за набавка на клучни компоненти за нивните паметни телефони.

Xiaomi и другите електронски брендови сè уште се погодени од глобалниот недостиг на чипови, потсетува Ројтерс.

 

 

Бројни причини, како што се складирање, наплив на побарувачка за персонални компјутери за време на пандемијата и проблеми во фабриките, поттикнаа многу производители на хардвер да ја зголемат побарувачката за чипови кон крајот на минатата година.

Во првиот квартал од оваа година, Xiaomi објави дека официјално ќе започне со производство на електрични автомобили, а новиот деловен сегмент треба да го води основачот на Xiaomi, Леи Јун, потсетува Ројтерс.

Leave a Reply