Преземавте бесплатно музика од YouTube? Епа Американците ставаат крај на тоа!

Сподели со своите пријатели

Една многу популарна алатка за преземање музика од платформата YouTube е укината!

Loading...

По бројните закани, RIAA (Recording Industry Association of America – Американско здружение на музичката индустрија) конечно ја принуди страницата GitHub да ја укине опцијата за преземање програми за преземање музика, видеа и друга содржина од социјалните мрежи, што најмногу се користеше за YouTube.

Хакер ја погоди лозинката на Трамп на Твитер, се огласи и Белата куќа!

Ако не сте биле запознаени со оваа страница, на неа можете да преземете програма наречена YouTube-DL, која потоа може да ја користите за преземање на кое било видео од YouTube.

Многу лесен за употреба, вклучувате Command prompt, во која ќе внесете URL на песна или клип од платформата YouTube, а потоа ќе ја зачувате датотеката.

RIAA се пожали безброј пати на нелегално преземање на музика заштитена со авторски права, и сега тие конечно ја добија битката против страницата GitHub, така што повеќе не можете да најдете валиден линк за да ве одведе до таа програма.

Од таа асоцијација посочија дека оваа програма е намерно направена со цел да се овозможи нелегално преземање музика, и наведоа дека повеќето песни се преземаат од пејачи како што се Икон Поп, Џастин Тимберлејк и Тејлор Свифт. Како што може да претпоставите, токму тие се заштитени од тоа здружение.

Кога ќе нарачате нешто од AliExpress вашите практи ги подготвува робот (ВИДЕО)

Loading...

Иако постојат безброј алтернативи како што се сомнителни страници и апликации полни со реклами и вируси (YouTube до Mp3, CrackTube …), сепак останува штета што оваа програма со која немаше дефект е укината.

Оваа забрана не значи конечно укинување на YouTube-DL. Креаторите на овој проект ќе можат да поднесат жалба за да ја вратат програмата на GitHub.

 

 

Во меѓувреме, оние кои имаат YouTube-DL на своите уреди, сепак ќе можат да преземаат музика, но проблемот е што оваа програма нема да добива ажурирања, па доколку YouTube или друга видео услуга го надгради својот систем, потенцијално може да дојде до крајот на оваа алатка.

Останува прашањето како RIAA ќе се обиде да ги затвори сите други страници, програми и апликации кои ви овозможуваат да преземате аудио/видео содржина од социјалните мрежи.

Америка го тужи Гугл: Најголема истрага во САД во последните 20 години!

Loading...

Оваа војна трае повеќе од 20 години и со некогаш популарната, особено во нашата земја, програмата BearShare!

На видеото можете да видите како работи таа програма.

 

Leave a Reply