Хакер ја погоди лозинката на Трамп на Твитер, се огласи и Белата куќа!

Сподели со своите пријатели

Холандското списание Фолкскрант објави дека хакер од таа земја успеал да го „хакне“ профилот на Твитер на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп!

Loading...

Тој тврди дека успеал да ја погоди лозинката на претседателот на Америка!

Се огласи и социјалната мрежа која ги демантираше тие обвинувања, како и Доналд Трамп и Белата куќа.

„Тоа е целосна лага, не сакаме да ги коментираме безбедносните процедури околу социјалните мрежи на нашиот претседател“, рече заменик-секретарот за печат на Белата куќа Џуд Дир.

„Не видовме докази што го поддржуваат ова тврдење, вклучително и напис објавен во Холандија“, изјави портпаролот на Твитер за „Варајети“.

RTL News објави дека Виктор Хеверс, експерт за сајбер безбедност, успешно пристапил до Твитер профилот на Трамп на 16 октомври.

Тој истакнал дека дури четири пати се обидел да влезе на неговиот профил, а тогаш помислил дека ќе побара верификација, односно потврда дека навистина станува збор за Доналд Трамп.

Холанѓанецот, кој работи во Институтот за откривање ранливост на интернет, откри дека профилот на Трамп нема никаква форма на заштита, односно аутентификација на профилот, и дека не му треба шестоцифрен код што Твитер би го испратил на мобилен телефон.

Loading...

За да бидат работите поинтересни, наводната лозинка на Трамп била „мага2020“.

Навидум не претставува ништо, но првите букви во неговата кампања „Make America Great Again“ ја претставуваат неговата лозинка!

Leave a Reply