Претставата „Соѕвездија“ утре премиерно на сцената во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Претставата „Соѕвездија“ утре со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена на сцената на Националната установа Центар за култура „ Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Претставата се заснова на изборот на одлуки што го дефинираат правецот на нашиот живот, за слободната волја, за улогите на случајноста и неочекуваните ситуации што ни ги носи животот, за загубата и разделбата од најблиските.

Станува збор за најново остварување на режисерката Нела Витошевиќ, а според текст на Ник Пејн.

-Една голема благодарност до целата екипа која работеше заедно со мене на овој проект, мислам дека имавме неверојатен спој од самиот почеток и работевме многу ефективно. Многу сме задоволни од целиот продукт на крај на кој работевме заедно и со нетрпение чекаме да излеземе пред публиката за да ја видат претставата. „Соѕвездија“ е многу познат текст наградуван на Бродвеј и претставуван на лондонскиот театар според текстот на Ник Пејн- изјави режисерката Витошевиќ.

 

 

Во претставата играат 6 млади реномирани актерски лица, познати на македонска и кумановската актерска сцена.

Loading...

– Во претставата се работи за една љубовна приказна, при кој се следи животот на еден ист пар, од нивното запознавање до нивната разделба и смрт, односно до крајот на животот. Интересен факт за оваа претстава е што целата приказна се случува во паралелни универзуми, една приказна следена од различни универзуми. Актерите имаат тешка задача да менуваат расположенија од сцена во сцена, претставата е многу брза и лесна за следење за сите генерации на гледачи- рече режисерката.

Актерската екипа ја сочинуваат Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски и Давид Илиќ

– Голема беше честа да се работи со Нела на целиот овој проект од почеток до крај, влеговме целосно и се пуштивме по тој тобоган и дозволивме да го почувствуваме текстот и дури дозволивме текстот да не промени. Самиот текст отвара многу прашања кои што ги одговаравме, а некои останаа во нас и тоа е наша лична борба и се надевам дека публиката навистина ќе ужива гледајќи ја оваа претстава- објасни актерката Владанка Крстевска.

 

 

Асистент на режија е Драгана Гунин, сценографијата е на Васил Христов, музиката е на Огнен Анастасовски,  костимите се на Розе Трајческа.

При изведување на претставата ќе бидат запазени сите важечки протоколи за заштита од коронавирусот кои се однесуваат на затворен простор.

Loading...

Никола Ивановски