Претставата „Мојата ти“ вечерва и утре во кумановскиот театар

Сподели со своите пријатели

Театарската претстава „Мојата ти“ вечерва ќе се најде на репертоарот на Театар Куманово. Со почеток од 20 часот. Претставата е работена според текстот на Олга Димитријевиќ, а во режија на Драгана Милошевска.

Loading...

Како што велат актерите ова ќе биде претстава за која ќе се зборува. Според актерката Кети Дончевска Илиќ во секое драмско дело авторот зборува преку ликовите, но во оваа драма зборувањето на актерите се надополнува со наративни елементи.

– Тој дел од процесот беше особено возбудлив за нас затоа што ние сите имаме свои ликови, со име, со свои истории и биографии, меѓутоа присуството на авторот низ наративните делови беше дополнително значејно и подвелечно, тоа за нас претставуваше особен предизвик, една малку поинаква драматургија од онаа на која сме навикнале, изместено малку од она што ние велиме класичен драмски текст. Би била задоволна кога авторката би била во можност некогаш да дојде и да ја погледне претставата за да видиме дали некако се доближиле нејзините размислувања и нашите и дали сме се нашле некаде попат, изјави Дончевска Илиќ.

Пофални зборови за текот на подготовките имаше и актерката Владанка Димковска.

– За мојот лик можам да кажам дека ми одговара затоа што станува збор за жена која што има поминато многу. Не би влегувала во детали би сакала да дојдете и да ја видите претставата, бидејќи се што ќе кажам ќе биде малку во споредба со она како е напишан ликот, а се надевам и како е изграден, изјави Димковска.

Според режисерот Драгана Милошевска, во претставата станува збор за три повозрасни жени кои ги толкуваат акреките Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ и Сања Русевска.

– Освен градењето на целата претстава имавме многу интересен процес каде можевме да се занимаваме со различни прашања, каков е нашиот став како автори на некои луѓе кои се повозрасни од нас и кои што имале прилика да се соочат и живеат во некое друго време и со други различни норми и вредности кои што денеска некогаш се губат, некогаш бледнеат, па повторно се враќаат и да се занимаваме со теми кои што понекогаш ги забораваме или се правиме дека сме ги заборавиле, така да мислам дека оваа претстава секако ќе биде интересна за публиката, бидејќи е едно ново читање и нов текст кој мислам дека на сите генерации ќе им биде интересен, изјави Милошевска.

Младоста секогаш победува над повозрасните, но тоа не е случај со оваа претстава, каде повозрасните и помладите ликови се во конфликт.

Loading...

Сценографијата е на Крсте Џидров, костимите на Роза Трајчевска, додека музиката и авторскиот дел е во соработка со Ивица Димитријевиќ.

Оние кои нема да успеат да набават билети за вечерашното играње, репризно претставата можат да ја погледнат утре во истиот термин.

Leave a Reply